24 Култура

Утре 16-ти февруари “Хофманови приказни” во МОБ

Утре вечер 16-ти февруари со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет ќе се изведе романтичарската опера "Хофманови приказни" на Жак Офенбах, во која поетот Хофман ги раскажува своите вонвременски приказни за љубовта. Либретото на француски јазик е напишано од страна на Жил Барбиер и базирано е врз три кратки приказни, напишани од страна Е.Т.А. Хофман. Како главен протагонист во операта е искористен Хофман лично. Барбиер и Мишел Кери претходно имале реализирано претстава "Хофманови приказни", која била…

Балетот “Ана Каренина” на сцената на Македонската опера и балет на 22-ри февруари

Балетот во два чина "Ана Каренина" со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски на сцената на МОБ на 22-ри февруари, со почеток во 20 часот. Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, на сцената на Македонската опера и балет ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман "Ана Каренина" на големиот руски писател Толстој. Во…

Уште еден концерт на Македонската филхармонија за деца – “Со Дизни низ светот”

На барање на публиката, Македонската филхармонија уште еднаш ќе го изведе концертот за деца и за возрасни - "Со Дизни низ светот". На 23-ти февруари (сабота) со почеток во 19 часот под диригентската палка на маестро Тимоти Редмонд од Велика Британија, публиката ќе има можност да ужива во фамилијарниот концерт на кој ќе биде изведена музиката од најубавите цртани филмови продуцирани од популарната компанија "Дизни", меѓу кои и од "Кралот лав", "Мулан", "Фроузен", "Покахонтас", "Малата сирена", "Убавицата и ѕверот"... и многу…

Фестивал на рускиот филм во Кинотека на Македонија (Фото)

По повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Русија и Македонија од 4-ти до 28-ми февруари во Кинотеката на Македонија ќе се одржи филмскиот фестивал "Руска зима". Организатор на оваа манифестација е амбасадата на Русија во Република Македонија. На отворањето на фестивалот ќе биде прикажан филмот "Ана Каренина - приказната за Вронски", а во следните денови ќе бидат прикажани 25 класични и современи руски филмови, меѓу кои и "Солартис", "Андреј Рубљов", "Сталкер", "Шетајќи по улиците на Москва",…

“Бесмртност” – Македонската филхармонија со концерт посветен на Бетовен

"Бесмртност" е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи овој четврток, на 31-ви јануари со почеток во 20 часот. Под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, концертот ќе биде посветен на творештвото на музичкиот гигант Лудвиг ван Бетовен. На програмата се неговите моќни дела: Увертира за именден оп. 115, Хорска фантазија за пијано, хор и оркестар оп. 80, каде како солист ќе се претстави македонската истакната пијанистка Нина Костова-Јаневска, како и Симфонијата бр. 2 во…

Балетската претстава “Оревокршачка” со две изведби во МОБ

Македонска опера и балет Ви ја најавува балетската претстава "Оревокршачка", овој пат со две изведби и тоа во среда 30-ти јануари и сабота 2-ри февруари со почеток во 20 часот. Станува збор за детска бајка чиј автор Т.А.Хофман дејствието го поврзал со празнувањето на големите празници. Врз основа на бајката, Мариус Петипа го пишува либретото, а музиката ја компонирала Петар Илич Чајковски. Ова е едно од најпопуларните и најизведувани дела, на сите светски сцени. Македонската опера и балет се надева и ја очекува и…

Започна неделата на македонскиот филм во Софија

Со проекција на "Исцелител" на режисерот Ѓорче Ставрески во кинотечната сала "Одеон" на Бугарската националната филмотека синоќа започна Неделата на македонскиот филм во Софија. "Полната сала на "Одеон", култно кино меѓу бугарските филмофили и автори, со аплаузи го пропратија филмот и гостите од филмската екипа на "Исцелител", актерот Аксел Мехмед и кинематограферот Дејан Димески", велат од Кинотеката на Македонија. Неделата на македонскиот филм во Софија е прво претставување на современата македонска кинематографија…

Француската трубачка Лусјен Ренодин-Вари солист со Македонската филхармонија

"Слободен и среќен" е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи овој четврток, на 24-ти јануари во 20 часот, прв концерт во новата 2019 година. Како солист, за првпат на македонската музичка сцена, ќе се претстави победничката во категоријата "Откритие" на натпреварот "Победници на музичката класика", француската трубачка Лусјен Ренодин-Вари, која се смета за една од т.н. надоаѓачки музички ѕвезди чиј уметнички пат веќе е послан со рози. Лусјен Ренодин-Вари ќе го изведе…

Македонска филхармонија: “7 градови – 7 концерти во Кина”

Под диригентската палка на Јерухам Шаровски од Израел, оркестарот се претстави со популарна програма на која покрај концертот број 1 за пијано и оркестар од П.И.Чајковски со солистот Хају Жанг од Кина, свое место најдоа и дела од Гершвин, Бизе, Глинка и Штраус. Како солисти настапија и кларинетистите Александер и Даниел Гурфинкел, познати како Дуо Гурфинкел кои пред турнејата беа гости на Гала новогодишниот концерт на МФ во Скопје. Турнејата "7 градови - 7 концерти во Кина" доаѓа на покана на големата кинеска корпорација…

“Самсон и Далила” на 15-ти јануари во МОБ

Во вторник, 15-ти јануари со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава "Самсон и Далила", на музика на Камиј Сен-Санс. "Самсон и Далила" е во кореографија на Роналд Савковиќ (Хрватска), додека во насловните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Крв: Саша Ефтимова, Месо: Ендру Кук (Англија), Церемонијал мајстор: Мирослав Митрашиновиќ и Смрт: Олга Панго. "Самсон и Далила" обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и…