Балетска вечер за паметење во Македонската опера и балет (Фото)

24 Култура

Во средата 18-ти октомври, во Салонот на МОБ се одржа Премиера на балетската претстава насловена како “Балетски триптих”. Возбудливо и со овации од страна на публиката, беше примено ова модерно танцово дело, кое е авторство на двајца врвни кореографи, Ицик Галили од Израел и Сташа Зуровац од Хрватска. Галили низ еден минималистички пристап во сценографското решение, гради еден модерен танц на прекрасната музика од Филип Глас, во делот насловен како “Агонија на срцето”.

Со едноставните, но функционални костими на Натасја Лансен од Холандија, со прекрасно дизајнирано светло, танчерите доловуваат соврешен хармонски ускалден танц. Посебен впечаток остави второто парче насловено како “Софата”, каде со хумористичен исказ во кореографијата, на убавата музика на Том Вејтс, тројцата танчери прават сатирично-хумористична атмосфера со своите бравурозни чекори и акробатски скокови, експресивни движења со моќни поетски слики.

Во вториот дел од вечерта беше изедено делото “Песна над песните”, инаку позната библиска тема. Овде Зуровац на убавата музика на Марјан Нечак и костими на Марија Пупучевска, доловува една судбинска атмосфера на затворени луѓе, кои со помош на љубовта се ослободуваат од таа затвореност. Се на се, прекрасна балетска вечер, новитет за публиката и љубителите на балетската уметност, која ќе има своја реприза во вторник, 24-ти октомври.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели