Џијан Емин ќе диригира на два концерти во Будимпешта во престижната сала МУПА

24 Култура

Македонскиот истакнат уметник – композитор, диригент и аранжер Џијан Емин, на 4-ти и 5-ти јануари ќе настапи како диригент на два концерти во Будимпешта, во една од најпрестижните концертни сали во Унгарија, МУПА. Џијан Емин ќе диригира на концертите насловени: “Миртил-Париз симфонија”, на кои како солист ќе настапи Миртил Мишелер, една од најпознатите унгарски уметници особено во сферата на европската џез-сцена. Емин ќе застане зад пултот со оркестарот “Данубија Оркестра Обуда” и бенд од Унгарија, а програмата е составена од едни од најпознатите француски шансони, кои се изведоа и во Скопје минатата година на концертот “Париз те сакам”, по повод Денот на вљубените, за чии аранжмани повторно со погрижи македонскиот уметник.

Концертите се распродадени уште од пред еден месец, а ќе бидат изведени познати теми од Ив Монтан, Едит Пјаф, Мишел Легранд, Жо Дасин… Џијан Емин изминатиот месец имаше полна агенда. Настапи како диригент и автор на музиката на настанот “Neuland – Sensorium” кој според порталот Риборн беше прогласен за Настан на годината, потоа на концертот на Здружението на џез-музичари со Македонската филхармонија под наслов “Baby it’s cold outside”, како диригент и на концертот “Филхармонија за Шпато”, на концертот “Charlie Parker & Strings”, на мултимедијалниот перформанс во соработка со “Имиџ Пи Ар” и Македонската филхармонија…

Паралелно, Џијан Емин работеше и како оркестратор на музиката за најскапиот филм досега снимен во Индија заедно со Rico the Wizard, продуцентот на “Дафт Панк”, на музика на Оскаровецот Алах-Рака Рахман.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели