Џијан Емин под отворено небо ќе диригира во Будимпешта

24 Култура

Македонскиот диригент Џијан Емин на 2-ри јули ќе гостува во Будимпешта, Унгарија, во рамките на “Летниот фестивал Будимпешта”. Маестро Емин ќе застане зад пултот со оркестарот “Данубија Оркестра Обуда”, каде под отворено небо ќе прозвучат едни од најпопуларните француски шансони. Всушност, маестро Џијан Емин доби покана да гостува во унгарската метропола по успешниот концерт на Македонската филхармонија “Париз те сакам” , кој се одржа на 14-ти февруари по повод Денот на вљубените во Македонската опера и балет, а на кој беа изведени француски шансони со негови оркестрации.

Како вокалистка и во Будимпешта ќе се претстави познатата унгарска џез-уметница Миртил која што ја воодушеви скопската публика на концертот “Париз те сакам”. “Sous le ciel de Paris”, “La Vie en rose”, “Padam padam”, “Paroles, Paroles”, “L’hymne a l’amour”, “Milord”, “Ne me quitte pas”, “Non”, “Je ne regretted Rien”… се само дел од композициите кои што ќе ги слушне и унгарската публика. Концертот на Џијан Емин во Будимпешта следува по неговиот настап како диригент и оркестратор на десеттото издание на “Види музика, слушни слика, добиј книга”, кое годинава беше посветено на култната група “Пинк Флојд”.

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели