“Made in Macedonia” – симфониски концерт на Македонската филхармонија

24 Култура

“Made in Macedonia” е насловот на претстојниот концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток (15 март) во 20 часот. Како солист ќе се претстави еден од најдобрите македонски кларинетисти, Здравко Ангелов, прв кларинетист во Македонската филхармонија, кој ќе го изведе Концертот за кларинет и оркестар бр. 1 од Лудвиг Шпор. Диригент на концертот е нашиот маестро Борјан Цанев, а на програмата оваа вечер се и делото “Лет” од австралискиот композитор со македонско потекло, Мајкл Бакрнчев како и познатата Симфонија бр. 41 “Јупитер” од музичкиот гениј Моцарт.

Подготви: Влад Петров

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели