Македонската филхармонија ќе одржи симфониски концерт во чест Ѓумар

24 Култура

Македонската филхармонија ќе одржи симфониски концерт под наслов „Поезија и драма“, кој ќе биде изведен во чест на прерано починатиот диригентот Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017).

На 2-ри февруари во Домот на АРМ  со почеток од 20 часот концертот „Поезија и драма“ ќе донесе комплексна музика и врвна изведба. Под диригентската палка на маестро Емил Табаков од Бугарија, а оркестарот ќе ги изведе Увертирата од операта “Танхојзер” и Прелудиум и смрт од “Тристан и Изолда” од генијалниот германски композитор Рихард Вагнер.

Солист на концертот ќе биде македонскиот пијанист Дино Имери, кој ќе ги изведе познатите “Фантазија на унгарски фолклорни теми” и “Танц на смртта”, од унгарскиот врвен пијанист и композитор Франц Лист.

Подготви: Филип Етмишовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели