Културо

Учениците од ромска националност со посебен пристап до поквалитетно образование

Здружение за Перспективна интеграција и развој “Рома Перспектив-Прилеп” во рамки на своите активности го спроведе проектот “Еднакви можности зголемен број на ученици Роми во основно образование”. Проектот е финансиран од Европската унија, а е под-грант на проектот “Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите” во рамките на ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015 имплементиран од Ромски ресурсен центар (РРЦ) во партнерство со Центар за семејно и детско згриужување (КМОП).

“Проектот беше организиран во неколку фази од кои произлегоа и тркалезните маси, работилниците, координативните средби и посета на населението кое живее во ромската населба “Тризла”. Информациите презентирани во документите биле предмет на разговор со претставници на повеќе институции и граѓанското општество, а се дискутираше за тоа кои мерки треба да се превземат за да се зголеми посетеноста на учениците на редовна настава, да се подобри квалитетот на нивното образование и колку овај проект придонесе во зголемувањето на квалитетот на образованието на децата кои посетуваат дополнителна настава и колку оваа дополнителна настава е значајна за нив”, истакнаа од НВО “Рома Перспектив” од Прилеп.

Во Македонија, Фондот за образование на Ромите е многу активен. Секојдневно прима предлог проекти и дава одобрение и финансирање на повеќе проекти. Најголем проект, во изминатиот период што го финансира Фондот за образование на Ромите е сеопфатната програма на стипендии за Роми средношколци, со којашто раководат Министерството за образование и ФИООМ. Проектот добро напредува и покажува колкаво е значењето на стипендиите и на менторството за зголемувањето на бројот на запишани ученици Роми во средното и во високото образование.

Можеби ќе ве интересира: