Жешки африкански ритми за крај на “Оффест 2018” (Фото)

24 Култура

Синоќа, како главно музичко задоволство на годинешниот “Офф фест”, во МОБ се одржа концерт со ѕвездите на годинешниот фестивал, африканската кралица – Уму Сангаре. Најголемата африканска пејачка, од Мали. Публиката танцуваше во жешките африкански ритки и во гласот на оваа африканска дива. Со тоа се затвори овој фестивал, кој се одржа по 17 пат.

Програмата и годинава како и секогаш вклучи актуелни и врвни светски имиња, овој пат гости од Европа, Африка, САД и Австралија. Тие понудија десет концерти на три локации- Младинскиот културен центар, МОБ и клуб “Епицентар”.

Jupiter & Okwess, кои го отворија “Оффест 2018”, а во Скопје гостува по втор пат. Со нив во денсинг салата на МКЦ танцуваше цела публика. Fighting Windmills (први јуни) беа единствената домашна група која настапи, и тие го претставија новиот албум на истиот простор, во МКЦ. Но Диртимјузик, Диртмусиц, ол-старс група со Крис Екман, Хуго Рејс и Мурат Ертел, кои се претставија во психоделично-рок издание.

Officina Zoe од Италија на втори јуни освои со својот хипнотички транс, во следните денови. Ifriqiyya Electrique (Тунис) и Gaye Su Akyol (Турција) истата вечер освоија во “Епицентар”. На 3 јуни пак, со почеток во 20.00 часот, во Киното Фросина во МКЦ настапија Barmer Boys (од Индија) и Trans-Aeolian Transmission (Италија / Франција).
“Оффест 2018”, како што кажа директорот на фестивалот Оливер Белопета догодина станува полнолетен, полни 18 години. Ова е единствениот фестивал кој по својата квалитетна содржина му парира на Скопскиот џез фестивал, на истиот организатор.

Голем број уметници, меѓу нив и Милчо Манчевски, Влатко Стефановски, Вера Милошевска, Петар Младеновски, Владимир и други беа во публика на “Оффест 2018”, фестивал кој го разигрува и живнува срцето на градот, традиционално секоја година во крајот на мај и почетокот на јуни. Догодина, директорот, вети исто така значајни имиња и многу вистинска музика, за одбележување на полнолетството.

Подготви: Валентина Ѓоргиевска – Парго

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели