“Звукот на идната генерација” – концерт на Македонската филхармонија и студентите по музика

24 Култура

“Звукот на идната генерација” е насловот на претстојниот концерт на Македонската филхармонија и студентите од Државните факултети за музика, кој ќе се одржи овој четврток (14.12.) со почеток во 20 часот. На овој традиционален концерт на кој како солисти се претставуваат талентирани студенти избрани по пат на аудиција, ќе бидат изведени разновидни дела од Чајковски, Хачатуријан, Ботесини, Прокофјев, Енеску, Ибер, Мијо.

Заедно со оркестарот на Македонската филхармонија, а под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, ќе настапат студентите: Анастасија Грговска – пијано (IV година) од класата на проф. д-р Марија Ѓошевска, Томе Костовски – пијано (I година) од класата на проф. д-р Ана Гацева, Динко Стипаничев – контрабас (IV година) од класата на проф. Велко Тодевски, Симон Поповски – виолина (постдипломски студии) од класата на проф. м-р Олег Кондратенко, Стефан Илиев – труба (II година) од класата на проф. м-р Васо Ристов, Богдана Бушевска – флејта (IV година) од класата на проф. м-р Страшо Темков и Александра Илиева – саксофон (III година) од класата на вонр. проф. м-р Нинослав Димов, сите студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели