Културо

Утре вечер промоција на “Окарина”

Утре вечер, 11-ти ноември во 20 часот во клуб-ресторанот “МКЦ”, издавачката куќа Табернакул ќе го промовира своето најново издание, Окарина од Михаил Ренџов. Стихови од оваа најнова книга ќе читаат Јовица Ивановски и Дарко Лешоски. Интересно е што на промоцијата ќе настапи и познатиот Драган Даутовски со својата окарина кој ќе исполни неколку композиции со истата.

Инаку, познатиот поет, прозаист и преведувач Михаил Ренџов завршил Правен факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Работел во Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” во Скопје како советник по библиотекарство. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: