Балканленд

Макфест 2013: Хорор на МТВ, хорор за “Макфест”

И покрај најавите од организаторите дека вечерашното финале ќе се емитува во 21 часот на Македонската телевизија, сепак тоа не се случи и МТВ едноставно по неколку минутното пуштање на форшпани, програмата ја продолжи со игран филм. И организаторите се изненадени од постапката на националниот сервис кој што со оваа постапка само покажа дека и покрај ХД опремата која што ја има, сеуште ги има старите кадри и е сеуште недоволно професионална за ваков голем медиумски музички настан.

Од дел на организацијата изненадено велат дека наместо вработените на МТВ да ги проверат линковските врски пред одржувањето на фестивалот, тие се расправале за тоа каде кој бил сместен и зошто тоа било така. Од МТВ пак велат дека фестивалот иако поради технички причини не се емитува со директен пренос, тие во текот на вечерва или евентуално утре ќе го емитуваат, бидејќи сепак гласањето се одвива тука и не е врзан преносот со гласање преку телеволтинг.

Како и да е, ова ќе остане црна дамка и долго ќе се зборува, бидејќи колку што се сеќаваме ние, долго време не се случило кога станува збор за овој голем фестивал, истиот наместо преку директен пренос да се емитува дополнителна снимка.

Од Штип за Музика24: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: