Магазин

Во еден здив: “Бумбаров лет” на поразличен начин

Композицијата “Бубмаров лет” од Николај Римски Корсаков е мошне добро позната кај музичарите посебно кај љубителите на класичната музика која сеуште е на врвот во својот жанр. Воедно досега сме слушнале неколку изведби на оваа композиција која не е ни малку лесна, а се изведува во брзо темпо така што пред извесен период еден редовен читател на нашиот специјализиран македонски музички портал Музика24 ни испрати талентиран музичар од Битола, видео каде ја изведе композицијата на еден сосема поинаков начин на ударен инструмент, поточно на ксилофон.

Нас она што ни го привлече вниманието е што самиот инструмент беше покриен, а Ратко Крапчев без никаков проблем и замор во неколку секунди ни покажа како изгледа кога си комплетно подготвен за самата изведба, затоа не не изненадува фактот што овој подвиг го изведе за толку краток период. Имено, Ратко Крапчев е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје и е во смерот на удирачки инструменти во кој не му е прв пат да се соочи со такви композиции кој бараат доста труд и посветеност што покажува и фактот неговите награди кој се на завидно ниво, но тоа не е се тој како што ни посочи подготвува нешто ново но и несекојдневно.

А во продолжение научете нешто како може со вложен труд да се постигне брзина во изведба за краток миг на следниов линк.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: