0

Форбс ја објави листата на најплатените познати личности во 2017-та

24 Занимливости

Неодамна светски познатото списание Форбс објави листа на 100 најбогати ѕвезди во 2017-та година. И ние не би биле Музика24 ако не најдеме барем нешто што е поврзано со музиката. Тие впредвид ги земале сите тие кои спаѓаат под категоријата “celebrity” т.е. музичари, автори, глумци, спортисти и реалити ѕвезди. А тоа што сите ги изненади е бројот еден на листата, кој се најде пред Биjонсе, Дрек и Кристијано Роналдо, а се работи за Шон Комбс, кој е познат и како Диди, т.е. Puff Daddy.

Но небитно, како и да се нарекува тој денес, во 2017-та заработил најмногу и тоа благодарение на повратничката турнеја, на линијата за облека и договорот со познат производител на вотка. Честа да биде најмлада на листата на топ 100 најплатените оваа година припадна на Кајли Џенер, која вреди импресивни 41 милион долари, додека најстаро лице на листата е Џуди Шеиндлин, на јавноста позната и како Judge Judy.

Во топ 100 влегоа и Џастин Бибер, Елен ДеГенерес, Адел и многу други, а во продолжение погледнете ја “златната десетка”:

1. Sean Combs (130 милиони долари)

2. Beyonce Knowles (105 милиони долари)

3. J.K. Rowling (95 милиони долари)

4. Drake (94 милиони долари)

5. Cristiano Ronaldo (93 милиони долари)

6. The Weeknd (92 милиони долари)

7. Howard Stern (90 милиони долари)

8. Coldplay (88 милиони долари)

9. James Patterson (87 милиони долари)

10. LeBron James (86 милиони долари)

Подготви: Дениза Илиевска

Коментари

коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published.

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели