Интересно: Која е најпродавана плоча во 2017-та

24 Занимливости

Верувале или не плочите се повторно во мода, а еден саундтрак со филмска музика се најде на првото место на листата на најпродаваните за тековната 2017-та. Имено, агенцијата “Нилсен мјузик” објави список со изданија на винил кои најдобро се продаваа во првата четвртина од годинава. На самиот врв, со продадени 25.000 илјади примероци се најде саундтракот за мјузиклот “Ла ла ленд”, кој во изминатата сезона на награди беше вистински фаворит и на публиката и на критиката, освојувајќи 7 златни глобуси и 6 оскари.

Веднаш за него се “Legend” на Боб Марли и “Back to Black” на Ејми Вајнхаус со по 16.000 илјади примероци, а на 4 место е актуелниот албум на британската ѕвезда Ед Ширан. Како засега изгледа листата со десетте најпродавани плочи за 2017-та година можете да видите во продолжение.

  1. “La La Land Soundtrack” (25.000 илјади примероци)
  2. Bob Marley and The Wailers – “Legend” (16.000 илјади примероци)
  3. Amy Winehouse – “Back to Black” (16.000 илјади примероци)
  4. Ed Sheeran – “÷” (15.000 илјади примероци)
  5. Run the Jewels – “Run the Jewels 3” (14.000 илјади примероци)
  6. The Killers – “Hot Fuss” (14.000 илјади примероци)
  7. The Beatles – “Abbey Road” (13.000 илјади примероци)
  8. Ryan Adams – “Prisoner” (13.000 илјади примероци)
  9. Twenty One Pilots – “Blurryface” (13.000 илјади примероци)
  10. The xx – “I See You” (13.000 илјади примероци)

Подготви: Влад Петров

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели