Погледнете: “Македонија денес” на ТВ24 ви ја честиташе Новата 2018-та година (Видео)

24 Занимливости

Неодамна тие го прославија 7-от роденден од постоењето на некогаш Телевизија 24 Вести или првиот роденден од новата ТВ24. Тие се млада екипа и секогаш се позитивни, насмеани и секогаш одлично расположени, иако се дел од речиси најгледаната утринска емисија која од скоро се емитува од новото студио во нов термин (секој работен ден со почеток во 08 часот). Станува збор за утринската на ТВ24 “Македонија денес” чии водителки се секогаш насмеаните и преубави Јана Серафимова и Сања Савеска, а како поддршка и реализација на овој проект се јавуваат голем број на луѓе кои се позади камерите и кои се грижат се да биде онака како што впрочем и Вие секојдневно го гледате на вашите тв екрани.

Дел од екипата која што ја реализира и подготвува “Македонија денес”, вчера по емитувањето на последната емисија за оваа 2017-та, решија на свој оргинален и интересен начин да Ви ја честитаат Новата 2018-та година пеејќи позната новогодишна песна. Нема да должиме, за што всушност станува збор, погледнете го видеото во продолжение кликнувајќи на следниот линк: “Македонија денес” ви ја честита Новата 2018-та година.

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели