Магазин

“Sajlent Zvuk” – интересни обработени видеа од македонските спотови (Видео)

Неодамна на музичкиот интернет канал You Tube се појави “Sajlent Zvuk”, канал кој што за многу брзо време ја достигна својата популарност. Овие дечки кои ги работат видеата, ги обработуваат нашите македонски спотови од друг аспект, пред се ги претставуваат нашите музички имиња без музика, на еден интересен и хумуристичен начин.

Па така, во првата епизода од овој серијал на видеа, можете да ја погледнете нашата позната поп пејачка Каролина (видео од спотот “Без оглед на се”), како така лежи во када јаде пица и ја слуша Весна Змијанац, во втората епизода пак можете да го погледнете познатиот стилист Дадар (видео од спотот “Ваков или таков”) како седнува во едно кафуле и пие кафе и во последната трета епизода, инвентивните дечки го обработуваат летниот спот на Тајзи “Регетон”, а овој пат освен Тајзи, во видеото можете да ја погледнете и познатата маникенка Маријана Стојановска, која е приказната погледнете сами во продолжение.

Да Ве потсетиме, овие видеа излегуваат секоја среда, а истите можете да ги следите и директно на следниот линк: Sajlent Zvuk.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: