Ексклузивно: Масимо Савиќ со нов албум напролет (Видео)

24 Ексклузивно

Како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, познатиот балкански пејач Масимо Савиќ кој веќе има закажано два концерта во Скопје кон средината на месец фебруари, напролет ќе го издава својот нов студиски албум. Тој во интервју за хрватски медиум изјави:

“Секој мој концерт е поинаков. Оние кои доаѓаат на моите концерти не доаѓаат случајно, мојата публика не е случајна публика, точно се знае зошто луѓето доаѓаат на моите концерти. Така да оние кои повеќе пати биле на моите досегашни концерти знаат дека и да се работи за потполно иста постава, секој минута е поинаква. Мојот страв од самиот себе не е дали ќе имам трема, туку дали ќе успеам и овој пат да ги задоволам стандардите”, вели Масимо.

Некогаш со споредуваа со Дејвид Боуви, а денеска велат дека тој е хрватскиот Брајан Фери, тој за таа споредба вели дека мило му е што тоа е така, тие двајца имаат речиси иста боја на гласот, а за Фери тој вели дека претставува поим за елеганција и дека едноставно најмногу научил од него.

А за новиот албум Масимо вели:

“Новиот албум е веќе подготвен, имам 14 песни кои се комплетно подготвени. Веќе се започна со работа на нив, “Тисучу људи” е првиот сингл кој што веќе е излезен. На некои луѓе можеби спотот не им се допадна, после спотот за “Остани ту” сите ние сме насмеани. Мене ми е многу драго што Гонзо кој е мој многу добар стар пријател, на некој начин излезе од зоната на конфорот. Мене спотот многу ми се допаѓа, мислам дека е многу дрзок. Јас би престанал да се бавам со музика доколку еден ден станам роб на одреден стил, роб на одреден начин… морам да експериментирам”, изјавува Масимо и додава дека новиот албум ќе излезе кон средината на пролетта која што сите нестрпливо ја очекуваме.

А во меѓувреме, да ве потсетиме дека Масимо Савиќ, овој голем музичар и уметник свој голем концерт во Скопје, во Македонската опера и балет ќе одржи на 17-ти и 18-ти фебруари во организација на Авалон продукција.

Подготви: Иван Јосимовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели