Ексклузивно: Новиот албум на “Суперхикс” излегува утре (Фото)

24 Ексклузивно

Познатата македонска рок-поп група “Суперхикс” го објавува својот нов албум насловен “Underground Evergreens” кој групата официјално ќе го претстави утре, петок, 3-ти март. Промоцијата е отворена за сите фанови на “Суперхикс”, а ќе се одржи во просториите на музичката продавница Југотон (ГТЦ, 1 кат) со почеток во 13 часот.

Албумот е сниман, миксуван и мастериран од страна на Мите Димовски, “Тра Ла Ла Студио” – Скопје, а еден мал дел е сниман и во студиото на Ивица Јанкуловски. Дел од композициите се реализирани и со гостите на “Суперхикс” за ова студиско издание, меѓу кои сретнуваме имиња како Канџија и Токсараj од Хрватска, но и македонските музичари Киклоп и Александар Конга. Дизајнот за истиот е направен од страна на дизајнерот Томи Џуровски. Покрај објавувањето на ЦД форматот кој излегува овој петок, “Суперхикс” најавуваат дека за овој албум наскоро ќе биде изработен и винил.

Новото студиско остварување на “Суперхикс” не случајно ќе биде промовирано токму на 3-ти март. Имено, на 3-ти март далечната 1994-та година бендот го имаше својот прв настап, па ова е практично и одбележување на 23 години од постоењето на оваа група.

Подготви: Виолета Трајковска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели