Симеон Коруноски за Музика24: Наскоро излегува и мојата трета песна

24 Ексклузивно

Младиот симпатичен, талентиран, насмеан и секогаш позитивен Симеон Коруноски ексклузивно за нашиот музички портал Музика24 откри дека веќе се подготвува неговата трета песна која што исто така ќе биде балада, бидејќи како што и самиот рече тој е голем емотивец. Неговите две претходни песни “Гушни ме” и “Најмила” кои веќе се хитови и се вртат по радиостаниците низ Македонија за жал нема да добијат видео спотови, но затоа пак за најновата песна “Ајде јави се” дело на холандскиот композитор Касандер, ќе се екранизира и преточи во видео спот за што веќе постои и одредено сценарио, план и замисла кое што ќе се реализира за многу брзо време.

Тој за новата песна вели:

“Во моментов најприоритетна ми е новата песна која што ја работам со холандскиот композитор Касандер, песната е многу супер тој ми ја напиша. Инаку песната се вика “Ајде јави се” за која што ќе има и македонска и англиска верзија. Песната ќе биде во стилот на познатиот Ед Ширан што значи дека и оваа песна ќе биде љубовна балада. Се подготвуваме и за кратко време би требало и да се сними видео спотот за оваа песна”, изјави Симеон за музичкиот портал Музика24.

Во очекување на новата трета по ред негова песна, ви го најавуваме интервјуто со Симеон Коруноски ексклузивно за Музика24 кое комплетно ќе биде објавено утре 15-ти октомври недела, а во меѓувреме уште еднаш слушнете ја неговата втора песна наградена на овогодинешното издание на “Охрид фест – Охридски трубадури”, а воедно погледнете го неговиот настап на овој познат македонски летен музички фестивал.

Подготви: Иван Јосимовски

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели