Неле Карајлиќ од “Забрањено пушење“ издаде нова книга (ВИДЕО)

Балканска

Познатиот српски рок музичар Неле Карајлиќ после својота прва книга „Фајронт во Сараево“, го издаде романот „Солунска 28“. Новиот роман на Карајлиќ од утре (17 мај) е во продажба во Србија.

„Солунска 28“ е приказна за една белградска куќа изградена на крајот на 19 век, што ја споделува судбината на Белград и сите случувања во 20 век.

„Таа е сведок на највозбудливиот век во историјата на нашиот главен град“, вели Карајлиќ за својот роман и продолжува, „Луѓето ме прашуваат зошто книгата се вика ’Солунска 28‘. Кога дојдов во Белград, немав поим дека мојот прадедо ја направил таа куќа. Кога отидов и ја видов, кога ги слушнав приказните од моите предци, одлучив да ја ставам на хартија, бидејќи историјата на куќата што почнува на крајот на 19 век заслужува таков третман“, објаснува Неле.

По автобиографијата „Фајронт во Сараево“,  која на македонски јазик ја издаде издавачката куќа “Арс Ламина“, Карајлиќ овој пат со историската драма ги води читателите во Белград на почетокот на 20 век.

Подготви: Филип Етмишовски

 

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели