24 Промо: Мусти Изеировски – “Штом не нема нас” (Видео)

Баладата “Штом не нема нас” во изведба на талентираниот македонски пејач Мусти Изеировски, повторно си го пронајде својот пат до YouTube, каде што првично беше објавена пред речиси три години. Бидејќи самата песна е преработка на српската “Сад кад нема нас” (од “Ин виво”), која пак е преработка на грчката “Otan agan pas” (од Стан), дојде до недоразбирање меѓу авторите, па верзијата на Мусти беше избришана.

Сега сето тоа е решено и прекрасната балада, овој пат со нова матрица и ново видео, повторно тргна во поход за освојување на македонската публика, а дека успева во својата намера доказ е и фактот што видеото во моментов е меѓу најпопуларните во Македонија на YouTube, според селекцијата на Гугл. Препевот на македонски јазик за “Штом не нема нас” го направил Драган Таневски, видеото го потпишува Рамче Таировски, а во него покрај самиот Мусти главната женска улога ја игра Данијела Пандуровиќ.

Како изгледа и звучи “Штом не нема нас” на Мусти, дознајте во продолжение…

Подготви: Марија Поповска

Повеќе на Музика24...