Емин Печанин со успешните DJ Stojak и DJ/MC Bone го освојуваат Балканот (Фото + Видео)

Балканска

Емин Печанин, кој е всушност еден од учесниците и финалистите на музичкото реално тв шоу “Ѕвезда можеш бити ти” кое што е дел од програмата од босанската Хајат тв, добитник на наградата “Београдски победник 2014” и “Balkan Music Awards 2015”, миленик на клубовите и дискотеките во регионот и дијаспората, неодамна ја промовираше новата песна и видео спот “Зовем те пјесмама”.

За реализација на новата песна, а и видео спот, младиот Емин собра навистина интересна музичка екипа. Станува збор за DJ Stojak чии музички канал на You Tube е прогласен за прв балкански канал со преку 50.000 илјади следачи. Посебен печат на целата приказна во видео спотот даде и DJ/MC Bone кој моментално е еден од најбараните DJ/MC во регионот. Текстот за нивната заедничка песна го напиша Бојан Штос, некогашен бубњар на сараевската група “Нервозни поштар”, пратечките вокали одлично ги отпеала Ивана Селаков, а за музиката и аранжманот се потрудија сите тројца, да звучи онака како што звучи.

Од последната песна на Емин “Овај град” поминаа речиси две години и многу од неговите фанови со возбуда и некриејќи го своето задоволство ја дочекаа неговата нова песна. Во продолжение прочитајте што накратко тој изјави за нашиот музички портал.

“Можам само да кажам дека ми е драго што успеав да соберам вака одлична екипа, а новата песна по нејзиното излегување многу познати DJ веќе ја имаат превземено и истата веќе се врти по познатите балкански дискотеки и кафулиња. Со овие момци соработувам веќе некое време и секогаш нешто интересно се случува кога некаде гостуваме, DJ Bone е енергичен, непредлидлив и секогаш изненадува со одлични идеи. На едно од заедничките гостувања настана и идејата за снимање на видео спотот и предлози околу истиот. Море, сонце, плажа, мотор, добар автомобил, убавица и тротинет во еден кадар го одбележаа едно од снимањата на видео спотот. А кога сме кај видеото, за истото беше ангажиран Јан Ваукман кој со асистенција на нашиот менаџер Илија го подготвија сценариото, режијата и монтажата. Зад фотографиите за време на снимањето стои Роберто Вижинтин. Сето ова го гледам како одлична забава и подготовка за издавање на првото це-де”, за нашиот музички портал телефонски изјави Емин Печанин.

Како што изјавуваат младите и енергични момци, видео спотот е снимен во Порторож, а за рачиси месец и половина истиот на музичкиот канал You Tube без никакви претплати и плаќање има речиси 200.000 илјади прегледи. Тие во оваа прилика се заблагодаруваат за секој лајк и поддршка која што е упатена од ваша страна. Воено премногу се благодарни на нивниот менаџер Илија Јовановиќ кој бескрајно премногу им помага во реализација на секоја идеја.

Тие моментално се на мини турнеја во Хрватска, Босна и Херцеговина, Дрвар, Бања Лука, Фојница, Сараево, Ливно… а како што велат една од нивните следни дестинации ќе биде и Белград. На нашето прашање кога ќе имаме можност да ги видиме во Македонија, тие без двоумење ни одговорија дека пред се благодарни се на нашиот музички портал Музика24 кој одвојува време и информира и пишува за сите музички случува и на Балканот, а потоа ни рекоа дека веднаш кога ќе се создадат услови и ако биде се ок можеби во првата половина на следниот месец септември ќе се дружат со своите македонски фанови во нашиот бисер – Градот Охрид.

Во продолжение, ви предлагаме да го погледнете нивниот најнов видео спот за новата песна “Зовем те пјесмама”. Уживајте!

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели