Ермин Реџиќ – Буби најавува гостување во Македонија

Балканска

Ермин Реџиќ – Буби е млад босански пејач, кој професионално со музиката започнува да се занимава по учеството на познатото музичко реално шоу на балканските простори, OBN MUSIC TALENTS. Таму од неколку илјади учесници, се пласира во финале, освојува второ место и добива многу фанови не само од Босна, туку од другите земји во соседството. Во тој период Буби има само 17 години, а сега веќе 25 и зад него има доста успешна кариера. Прекарот Буби, го има добиено уште од самото детство, бидејќи омилена песна му била Буби од групата “Дивље јагоде”, која по цел ден ја пеел.

После шоу програмата, добива награда за откритие на годината (најдобар дебитант) во поп-рок. Во 2006-та го издава својот прв албум “Химне љубави” поради кој освојува цел куп награди и е номиниран во пет категории за најпрестижната награда во БиХ, Даворин. Наградите не го заобиколуваат ни на фестивалите на кои се појавува. Две добива на Бихачкиот фестивал за забавни мелодии. Тој има гостувано на концертот на нашиот ангел, Тоше Проески во Сараево, а бил и почестен гостин на концертот во чест на групата Индекси во Зетра, кога покрај членовите од групата, настапувал и со Аки Ракимовски, Жељко Бебек, Тифа и Хари Варешановиќ.

Поради многуте отворени врати во 2008-та година издава сингл “Још дишем за тебе” кое е негово авторско првенче. Во 2009-та снима спот за истоимената песна, а една година подоцна го завршува економскиот факултет, отсек финансиски менаџмент и паралелно започнува да снима нови песни, за кои во 2011-та има и видео запис. Во моментот има настапи на балканот, пишува текстови и музика за себе, но и за други. Тој не ни откри многу, но ни наговести дека многу наскоро можеме да очекуваме да издаде нешто ново и поради одредени соработки, да ја посети Македонија. Реакцијата за посетата му беше многу позитивна, бидејќи би му било задоволство, конечно, за прв пат да ја посети нашата земја, за која толку многу слушал. До неговата скорешна посета на Македонија, кој тој ексклузивно ја најави за Музика24, ако и на Вас ви се допадна нашиот пријатен соговорник, придружете се на неговата фан страна на Facebook Ermin Redzic Bubi fan team.

Подготви: Сања Неткова

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели