Фанови ќе бидат отштетени за лошото озвучување на концертот на “Бијело дугме”

Балканска

Организаторите на прошталниот концерт на “Бијело дугме”, што се одржа во Белград во 2005-та година, ќе мора да им исплатат отштета на 39 фанови поради лошото озвучување, со што беше ставен крај на овој маратонски судски спор. Тој траеше цели 12 години и за тоа време се одржаа дури 30 рочишта, откако една брачна двојка го тужеше бендот во име на 150 граѓани на Нови Сад. Жалејќи се дека не можеле добро да ја слушаат музиката поради лошото озвучување, тие побарале концертот да биде повторен или да им бидат вратени парите.

Иако првата пресуда беше во корист на организаторите, на повторното судење беше утврдено дека посетителите биле оштетени. Бидејќи судскиот спор се одолжи, голем број од оштетените со тек на време се повлекле, па останаа само најупорните 39.

“Важно е што како граѓани докажавме дека озвучувањето на концертот било неадекватно и дека на 300 метри од бината ништо или многу слабо се слушаше”, изјави адвокатот Арсеније Катаниќ, кој со сопругата бил на концертот. Како отштета, тие ќе добијат по 1.000 српски динари, плус камата за изминативе 12 години.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели