Балканленд

Фолк пејачот Аца Лукас стана дедо

Познатиот српски фолкер и член на жирито на “Ѕвездите на Гранд” стана дедо, а веста дека има внука ја добил во текот на еден настап на свадба во Германија. Неговата наследничка Миљана, која ја има од првиот брак со Светлана, на свет донесе ќерка.

“Во Берлин сум на настап и пресреќен сум. Ќе прославам штом ќе заврши свадбата”, изјавил Лукас. Внуката на Аца Лукас го доби името Миња.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: