Горан Бреговиќ признава: Цел живот се плашам од сиромаштија

Балканска

Горан Бреговиќ денес е еден од најистакнатите музичари. Иако денес има се што ќе посака, сепак се сеќава на детството кога не било така.

“Цел живот се плашам од сиромаштија. Не е тоа како кај нас, кога сте на улица немате тетка кај која ќе одите на ручек, немате вујко да ви даде пари. Долго ме држеше стравот од сиромаштија. Ако погледнеме назад, јас поради тој страв купував многу работи. Пред војната имав куќа, станови, бродови, автомобили. Сега не се грижам за себе, имам деца па тој страв го имам за нив”, вели Бреговиќ во интервју за “Стори” и додава дека поради неговиот страв се обидува да ги заштити децата.

“Доцна добив наследници, а кога си млад не размислуваш за тоа дека малите деца можат да останат без родители. Како повозрасен родител се трудиш да внимаваш на нив. Ако умрам, сакам да знам дека се обезбедени”, додава пејачот.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели