Ќерката на Цеца со песна од познат македонски продуцент

Балканска

Ќерката на балканската ѕвезда Цеца Ражњатовиќ наскоро ќе тргне по стапките на мајка си, а нејзината прва песна ќе ја потпише еден од најуспешните македонски автори и продуценти – Дарко Димитров. Имено, како што пренесуваат српските медиуми, Анастасија неодамна претстојувала во Скопје, каде што во студиото на Димитров го сними деби-синглот насловен “Савршени пар”.

“Мораше да помине некое време и да се создадат сите услови за објавување на мојата прва песна, а пред се, да бидам сигурна дали сакам навистина да се впуштам во она што со години го посакував. Горда сум што некои случувања во животот ги искористив и успеав тие да се преточат во текст за песната “Савршени пар”, па сега на публиката е да одлучи како ќе им се допадне. Јас сум нетрпелива”, открива Анастасија.

Не е никакво изненадување што токму Димитров ќе биде првиот соработник во нејзината кариера, имајќи предвид дека тој е можеби најактивен на српската музичка сцена, а неговиот потпис стои на хитови од Марија Шерифовиќ, Емина Јаховиќ и многу други. “Савршени пар” на Анастасија ќе добие и свое видео, исто така снимено во Скопје, а премиерата се очекува наскоро.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели