Балканленд

Лажна вест на социјалните мрежи: Жељко Јоксимовиќ е починат (фото)

Во текот на вчерашниот ден многу од фановите на Жељко Јоксимовиќ беа тажни и неможеа да веруваат во она што го читаа на социјалните мрежи. Фејсбук, твитер… беа преплавени со сочуства за семејство на Јоксимовиќ и воопшто до сите негови фанови, но сето тоа на крајот од денот беше една голема лага. На оваа вест наседна и “JK Magazin” кој изразувајќи сочувство на неговото семејство дополнително ја подгреа ситуацијата и дополнително ги вознемири фановите.

“Продукцијата “JK Magazin” изјавува искрено сочуство и болка за семејството на починатиот, силен вокал и добар човек, Жељко Јоксимовиќ. Во 20.15 на 19-ти септември, го изгубивме нашиот идол, пејач на автопатот Белград-Ниш. Нека му е вечна слава. Јавноста ќе биде известена за понатамошните случувања поврзани со овој настан”, пишува во морбидното соопштение од страна на оваа продукција за која се претпоставува дека директно е водена од пејачката Јелена Карлеуша.

Објавена лажна вест за смртта на српскиот пејач Жељко ЈоксимовиќВо минатото исти вакви, па дури и полоши информации за сообраќакни несреќи и слично, по пат на социјалните мрежи се објавуваа и за Аца Лукас, Оливер Драгојевиќ, Кемал Монтено… Очигледно дека некој многу се забавува објавувајќи вакви непријатни информации.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: