Марко Балабановиќ од “X Factor Adria” ја снима првата песна “Слеп код очију” (Фото)

Балканска

Се сеќавате ли на тинејџерската група “Доктори” која што минатата година беше една од фаворитите на региналното и најгледано тв шоу “X Factor”? Таа година, 2014-та победи нашиот македонски претставник Даниел Кајмакоски, но публиката сепак остана верна на своите “Доктори”. По извесен период, за жал, оваа група престана да постои. Но младиот Марко Балабановиќ кој беше дел од оваа група, по речиси една година пауза, деновиве во студиото на Кристина Ковач ја снима својата прва песна насловена “Слеп код очију”.

Првата песна на Марко е дело на Кристина Ковач која по многубројните статуси на социјалните мрежи јасно дава до знаење дека го подржува и му ја дава сета своја енергија и сила на нејзиниот ученик, кој пак со нетрпение очекува деновиве да излезе првата негова песна.

Marko BalabanovicСпецијализираниот македонски музички портал Музика24 со задоволство ќе ја промовира новата песна на Марко и секако наскоро ќе подготви и интересно интервју со ова младо, симпатично и интересно момче кое има повеќе од музички талент.

Поради неможност за прикажување на еден од настапите на групата “Доктори”, бидејќи истите се избришани од глобалниот музички интернет канал You Tube, во продолжение ви предлагаме да го погледнете видео спотот и воедно ја преслушате песната која што тие заедно со нивниот ментор Кристина Ковач го снимија “Умиру јелени”.

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели