Милан Станковиќ повреден?!

Балканска

Поп пејачот Милан Станковиќ минатиот викенд настапи во еден клуб во Виена во кој таа вечер наводно дошло до пукање. Како што пренесуваат балакнските медиуми, околу пет часот наутро 30 годишен маж од Рoмaнија се скарал со двајца Срби и еден Црногорец на возраст меѓу 25 и 42 години, расправијата се вжештила, па дошло и до пукање пред клубот во кој настапувал српскиот пејач.

Во привот извештај, тамошните медиуми навеле дека во таа прилика Милан е ранет во ногата и дека е пренесен во болница, но не е во животна опасност и дека главните актери кои го предизвикале инцидентот се уапсени. Сепак, Милан ги демантирал наводите дека е ранет.

“И јас како и вие, од медиуми дознав што се случило. Јас си го завршив настапот околу 3 ипол часот после полноќ, после тоа заминав во хотел, а утредента ме однесоа на аеродром, така да ништо не знаев што се случувало додека не дојдов во Белград. Уште еднаш ќе повторам ниту знаев за инцидентот ниту пак сум повреден”, изјавил Милан.

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели