Балканленд

Наташа Беквалац – најголем заштитник на кучињата во Војводина

Познатата српска поп пејачка Наташа Беквалац, очигледно е една од ретките во Србија која сака да направи нешто за кучињата скитници. Таа дошла до идеја да започне да го гради најголемото засолниште за кучиња во Војводина, кој ќе може да прими околу 100 кучиња.

“Наташа пред месец дена дојде до идеја да направи засолниште за кучиња бездомници, откако таа вдоми едно напуштено кученце. Кога го однела на ветеринар тој и кажал дека да не го донела кучето немало да преживее. Пејачката одлучила на својот имот во дворот да изгради засолниште за кучиња, каде ќе вдоми 100 кучиња бездомници. Таа веднаш купила материјали и наскоро ќе започне со работа”, изјавил извор близок до пејачката.

Оваа идеја на Беквалац е подржана од целото семејство, а најмногу од нејзината ќеркичка Хана која премногу сака животни. Единствено што може да ја спречи градбата на ова засолниште на кучиња е општината која сеуште не се знае како ќе се произнесе по веќе споментатото.

Подготви: Марија Каревска

Можеби ќе ве интересира: