Почина пејачката Дона Арес

Балканска

Босанската пејачка Дона Арес ја изгуби битката со ракот. Азра Колаковиќ, позната во регионот како Дона Арес, почина денес во родниот Бихаќ, по три годишна борба со опасната болест, рак на грлото на матката. Пејачката ја стекна популарноста во 1997 година, кога настапи на фестивалот “Дора” и учествуваше во изборот на песна за “Евровизија”.

Во изминатите години, често споделуваше со јавноста детали од лекувањето, и тврдеше дека болеста ја направила посилна. Ветуваше дека ќе излезе како победник и нема да се предаде. Дона зад себе остави голем број на хитови.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели