Почина Синан Сакиќ – најпознатиот српски фолк пејач во поранешна Југославија

Балканска

Еден од најпознатите пејачи на српска народна музика Синан Сакиќ почина на 63-годишна возраст. Пејачот починал рано изутринава во Белград по долгата борба со тешката болест. Тој бил примен во болница на 27-ми април, а по бројните испитувања лекарите констатирале дека му е потребна трансплантација на црниот дроб. Синан бил пренесен во приватна клиника, но ја загуби битката со тешката болест.

Минатата година на Синан му бил вграден стент на жолчниот канал, но лекарите од Италија, Турција, Србија, БиХ и Хрватска по редовните прегледи утврдиле дека тоа не е трајно решение и дека му е потребна трансплантација. Синан Сакиќ роден е на 13 октомври 1956 година во Лозница, има објавено 30 албуми, а зад себе ги остави сопругата Сабина и двата синови Ален и Радиша.

Подготви: Редакција Музика24

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели