Погледнете: Адам Лабунски дел од новиот спот на Драгана Мирковиќ (Фото + Видео)

Балканска

Популарната српска фолк пејачка Драгана Мирковиќ по излегувањето на новиот албум “Од милијон један”, за кој што Музика24 во неколку наврати веќе ве информираше, не застанува, туку продолжува со снимање на видео спотови за останатите песни кои досега не се екранизирани. Таа неодамна го доснимуваше видео спотот за песната “Само ми је добро”, па дел од песната беше сниман и во Белград каде што Драгана се дружеше со своите верни фанови кои исто така се дел од ова видео.

“Спотот е сниман во Италија, во Франција, на Монт Блан, а дел од видео спотот е снимен во Белград и еве не сега во една ноќна варијанта, во природа. Многу локации и многу сум задоволна и веќе имам во глава како сакам сето тоа да изгледа, едвај чекам. Ветувам дека овој видео спот ќе биде сосема поинаков од оние кои досега ги објавувавме”, изјави Драгана Мирковиќ за телевизија ДМсат. Меѓудругото, после речиси 10 години, Драгана најави повторен дует со популарниот српски пејач Даниел Џокиќ, но како и самата пејача, за тоа сеуште точно не се знааат деталите, но секако ќе бидете информирани преку нашиот музички портал.

Интересно за нас е тоа што во дел од снимањата кои што се случуваа во Белград свое учество имаше и нашиот популарен пејач и учесник во многуте музички шоу-а Адам Лабунски, кој што претпоставуваме исто така е дел од големата армија на фанови на оваа позната балканска пејачка. Во продолжение, погледнете го видеото од снимањето на новиот видео спот на Драгана Мирковиќ.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели