После разводот Емина Јаховиќ ќе добие богатство

Балканска

Според турските медиуми, српската пејачка по разводот ќе добие вистинско богатсво од својот сега веќе поранешен сопруг. Турскиот “Хабертурк” наведува дека познатиот пејач и продуцент Мустафа Сандал на Емина ќе и остави две третини од приходите по продажбата на луксузната куќа во Истанбул. Се шпекулира дека од продажбата на вилата Мустафа ќе заработи најмалку 3 милиони долари.

Покрај тоа Сандал има обврска на својата екс сопруга да и купи куќа во Србија вредна повеќе од 250 000 долари, Емина за алиментација месечно ќе добива по 2800 евра. Популарниот турски продуцент ќе плаќа и по 938 евра месечно за секое нивно дете, синовите Јавуз и Јаман. Исто така на своите деца тој ќе им го покрива и школувањето како и одморот за што годишно ќе издвојува по точно 11 257 евра.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели