Балканленд

Познатата словенска пејачка Жана Површе, станува холивудска актерка

Словенската пејачка Жана Површе Салобир се омажи изминатото лето, во месец јуни со својот долгогодишен партнер Дани и се и тргна како во бајка. Таа пред неколку месеци доби деловна понуда за работа преку океан, од другата страна на светот. Понуда која се нуди само еднаш во животот и не се одбива, таа во моментов има многу проекти, меѓу другите таа се подготвува за снимање на филм каде ќе мора да ги покаже своите боречки вештини. Жана го започна својот нов живот преку океанот поради филмот “Havana Heat”, кој поради непредвидени случувања не се исполни. Но за нејзина среќа, за неа слушнал Џозеф Канон преку својот колега Веслав Снипес кој во тој момент имал потреба од позната европска пеачка за неговиот филм. Поради таа причина тој ја контактирал и по долги преговори таа со својот сопруг и ќерката Клара замина за Америка, пишува словенски 24 часа.

Таа во Америка замина поради работа, но за само првите три месеци доби улога во “The Promise” и “Fragmented Truth”, што е навистина огромен успех за толку кратко време живот во друга држава. Таа во меѓувреме запозна многу важни лица во тој шоу бизнис и веќе се во тек нови преговори за нови проекти. И иако Жана пополека, но сигурно станува нова холивудска ѕвезда, таа сепак не ја заборава музиката. Таа сними нова песна во едно од најпознатите студија “1500 or nothin”. Студио каде што своите песни и албуми ги снимаат и светски познатите Снупи Догс, Бијонсе, Ашер, Бруно Марс… и многу други.

Нејзиниот најнов студиски албум таа сепак го снима во Словенија, каде ќе им даде можност и прилика на други талентирани музичари да се докажат и да се претстават во светот, ветува и спот за новата песна кој се надева дека ќе се пушта и во Америка.

За Музика24 од Словенија: Александар Бисачи – ПОП ТВ

Можеби ќе ве интересира: