Балканленд

Познатите Лепа Лукиќ и Сузана Манчиќ во “Сладок живот”

По многуте балкански реални шоу-а кои што изминатите години имавме можност да ги следиме што на интернет, што на нашите тв станици, гледачите на балканот наскоро ќе имаат можност да го гледаат новото реално тв шоу “Сладок живот”. Интересно е тоа што меѓу учесниците се споменуваат познатата балканска фолк пејачка Лепа Лукиќ, познатата водителка Сузана Манчиќ, како и кик боксерот Ненад Пагониш, актерот Ненад Окановиќ и шминкерката Јелена Каќиќ.

Ова шоу ќе се емитува на српската Б92 и тоа стартувајќи од 30-ти септември. Дали и ова реално тв шоу ќе биде гледано како и сите претходни, дали ќе има расправии, несогласувања или се ќе биде глатко и подмачкано, останува да видиме.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: