Прочитајте: Како “Кукавица” на Цеца стана хит

Балканска

Претпоставуваме дека повеќето од вас знаат и слушнале за која песна станува збор. Оваа песна е една од најпознатите на фолк пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ, но како таа станала хит? Откако ја снима оваа песна, Цеца го доживува својот врв во музичката кариера, песната “Кукавица” која што пред ја ја отпее оваа позната балканска пејачка била понудена на голем број балкански познати пејачки, но и покрај тоа тие оваа песна ја одбиваат и по неколку години пауза сакајќи да се врати на музичката сцена Цеца ја слуша истата и за ден-два влегува во студио и ја снима.

“Кукавица” шест години стоела во нивната архива како отфрлена. Ја нуделе на Весна, Драгана, Брена и други пејачи. Марина Туцаковиќ тогаш ми рече дека има песна што нив не им се допаднала, но тоа мене не ме интересираше. Фута, нејзиниот сопруг инсистираше да ја слушнам, а таа му одговори дека не доаѓа во предвид и да заборави на таа песна. Бидејќи ме заинтересира насловот, инсистирав да ја слушнам. Кога почнаа првите тактови и кога ги слушнав зборовите “Прегрни ме” имав прекрасно чувство. Им реков: “Ова ќе го снимам уште вечерва”. Фута уште истата вечер направи аранжман, јас утредента влегов во студио, ја отпеав од прво и сега е евергрин”, открива познатата фолк ѕвездата.

Подготви: Марија Поповска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели