Рада Манојловиќ: Подготвена сум да кажам ДА

Пејачката Рада Манојловиќ веќе неколку години е во љубовна врска со нејзиниот колега Харис Берковиќ. Пејачката досега многупати има изјавено дека лудува по Харис и дека го сака највеќе на свет. Наскоро тие ќе патуваат во Лас Вегас, а Рада не крие дека можеби тоа е правата прилика за да го каже судбоносното ДА.

“Тоа ми е поинтересно за разлика од грандиозни и класични венчавки. Интересно е, поинакво е и тотално филмски. Мислам дека вљубените парови прават глупост зашто не се венчаат таму. Кога веќе сте во Лас Вегас зашто да не се венчате”, изјавила пејачката.

Подготви: Марија Поповска

Повеќе на Музика24...