Ристе Ристески стигна во финалето на “Ѕвездите на Гранд”

Балканска

Нашиот Ристе Ристески е единствениот македонец што остана во трката за триумф во шоуто “Ѕвездите на Гранд”. Како со својот маестрален вокал, така и со шармот тој го пленеше жирито од емисија во емисија. Полуфиналната и воедно одлучувачка емисија на “Ѕвездите на Гранд” се снимаше деновиве, а кандидатите мораа да го дадат најдоброто од себе за да успеат да продолжат понатаму. Во огромна конкуренција, Ристески со фантастичен настап успеа да го добие својот билет за спектакуларното финале.

Саша Поповиќ и Лепа Брена подготвуваат огромен број на изненадувања за финалната вечер. Мега ѕвезда на вечерта дефинитивно ќе биде Јелена Карлеуша која после долгата пауза ќе објави две нови песни од кои “Оставјам те” во дует со Азис и “Банкина” во дует со Аца Лукас.

Годинешното финале ќе се одржи на 28-ми јуни во огромното студио на Гранд во Белград. За прв пат оваа година ќе има двајца победници, едниот ќе го избере публиката преку СМС гласови, додека другиот жирито заедно со сите таинствени гости кои се појавуваа во улога на 7-ми член. Двајцата победници ќе добијат бесни автомобили, песни, спотови и илјадници евра вреден маркетинг, додека сите финалисти добиваат по една песна во продукција на Гранд.

Подготви: Александра Блажевска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели