Балканленд

Се ожени познатиот српски DJ Марко Ѓуровски

Познатиот српски кантавтор и DJ Марко Ѓуровски, во саботата ја прослави својата момчешка вечер, а ден потоа се венчаше со долгогодишната девојка Марија.

“Свадбата беше логичен чекор. Марија и јас сме долго заедно, се сакаме и планираме семејство, а хартијата нема ништо значајно да промени, само ќе ја официјализираме нашата љубов”, изјави Марко кој всушност е син на познатиот македонски фудбалер Милко Ѓуровски, а брат на македонскиот фудбалски репрезентативец Марио Ѓуровски. Тој во оваа пригода, на својата сакана и ја посвети песната “Божанствена жено”. Марко Ѓуровски се занимава со музика повеќе од 15 години, а на српската клубска сцена е познат под неговиот псевдоним Лејзи.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: