Балканленд

Северина го крие синот

Познатата хрватска поп пејачка Северина Којиќ не му дозволила на Милан Поповиќ изминатиот викенд да го помине со нивниот син Александар, пренесува српски “Курир”. Имено, иако бизнисменот, по судска одлука, требало со својот наследник да биде од петок до недела, пејачката го изиграла. Снаата на Кеба во последен момент му пратила порака дека синот не може да го преземе во Белград, туку во Загреб, со што го прекршила договорот.

“Северина намерно го опструира гледањето на детето. Често одбива да ги менува термините кога Милан е зафатен, а потоа не пријавува на Центарот за социјална работа дека детето не го видело таткото. Исто така, прави се за Милан да не си го види синот. Таа на тој начин се обидува да го спречи детето да се приврзе за таткото”, вели соговорникот на српски “Курир”. “Кралот на бакарот”, кој заради синот допатувал од странство, дознал дека поранешната свршеница го измамила кога во “Курир” прочитал дека Севе со синот и со сопругот била во Белград. По тој повод се обратил до редакцијата на “Курир” за да провери дали Северина навистина викендот била во Белград.

“Ве молам да ми кажете дали Северина била во Белград, бидејќи договорот беше Александар да го преземам во петок, но таа одеднаш го смени планот и бараше по синот да дојдам во Загреб, иако знаеше дека тоа е невозможно. Минатиот викенд требаше да го помине со мене”, прашал Поповиќ.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: