Северина ја губи битката за старателство

Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе пресуда во корист на Милан Поповиќ, поранешниот сопруг на Северина. Со тоа бизнисменот ќе ги има истите права како Северина во однос на старателството на синот Александар. Северина со години му брани на Поповиќ да го гледа синот, па сега ја изгуби битката за целосно старателство. Според новата пресуда, Александар една недела ќе живее со својата мајка, а една недела ќе живее со својот татко. Северина најавила дека ќе се жали на пресудата.

Подготви: Марија Поповска

Повеќе на Музика24...