Балканленд

Верувале или не: Северина во дует со познатиот фолкер Саша Матиќ

Дали некогаш ќе помислевте дека познатата хрватска поп пејачка Северина ќе направи дует со фолк музичар? Да, и тоа се случи. Познатиот српски фолкер Саша Матиќ кој зад себе има низа хитови и Северина снимаат заеднички дует, а оваа песна нивните фанови и публика ќе имаат можност да ја слушнат дури наесен. Како што пишуваат балакнските медиуми, Матиќ веќе го отпеал својот дел од песната, а поради патувањето на Северина на Светското фудбалско првентство во Бразил, таа својот дел ќе го отпее веднаш по враќањето од таму.

Оние кои досега имале привилегија да ја слушнат оваа нова песна, велат дека станува збор за вистински хит. Дали можеби наесен ќе слушнеме балада по летниот период или пак ќе стане збор за нешто друго, ни останува само трпелово да чекаме и само да погодуваме.

Подготви: Марија Каревска

Можеби ќе ве интересира: