Северина задоволна што прави музика за “клинци”

Балканска

Во интервју за хрватската тв станица ТВ Нова, познатата хрватска поп пејачка Северина Вучковиќ изјавила дека прави музика за како што вели таа “клинци”. А за својата музика таа вели дека и претставува предизвик да сними нешто друго што другите не би го направиле за да не си го расипат имиџот.

“Ме привлекува тоа што другите не сакаат да го направат за да не си го нарушат имиџот. Можете да го расипете само ако го правите тоа кон кое срцето не ве влече. Оние кои некогаш ми беа генерација, од 40 години, бидејќи јас останав на 25, ми велат: “Ќе има ли песна за душа?”, а јас им велам дека ова е апсолутно за моја душа затоа што се одлучив да правам песни за клинци, тие доаѓаат на концертите и сакаат тоа да го слушаат во 2-3 наутро”, изјавила за хрватската ТВ Нова познатата хрватска пејачка Северина.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели