Балканленд

Скандал во семејството Џогани: Зетот уапсен поради 4 килограми дрога (Фото)

Сопругот на сестрата на Маринела која е дел од музичкото шоу “X Factor Adria”, Силвија во јули 2009-та година ги полнеше натписите во црната хроника, кога со неговиот брат близнак Владимир, уште двајца се уапсени. Зетот на денесерот Џоле Џогани и пејачката Слаџа Делибашиќ, Бранислав Мариновиќ кој мината година се оженил со нивната ќерка Силвија, е уапсен поради произведување, чување и продавање на дрога и осуден е на две години затвор.

bane-610x750Бранислав во јули 2009-та секојдневно бил дел од црната хроника во печатените медиуми, кога со неговиот брат близнак и двајца непознати за јавноста биле уапсени. При полициски претрес во стан во Белград пронајдено им е четири килограми кокаин, хероин и сканк. По апсењето и одлежувањето пуштен е на слобода да се брани на слобода.

“Поради произведување на дрога, пуштање во промет, осуден е на две години затвор, а неговиот брат близнак е осуден на две години и четири месеци”, изјавил за српските медиуми потпаролот на Високиот суд во Белград.

“Во шок сум, немојте да ме прашувате ништо не ги познавам деталите”, била изјавата на Силвија за срските медиуми. Таа во својата изјава додала дека сето тоа се случувало пред да започнат да се забавуваат и дека сега веќе тоа е минато и сега живеат и функционираат сосема семејно и нормално.

“Бранислав е доказ дека доколку некој греши во младоста може подоцна да се поправи”, додала Силвија, а нејзината мајка Слаџа застанала во одбрана на зетот. А Џоле бил безобразен и ги замолил новинарите да се шират невистини, тој бил среќен и семеен човек и побарал од новинарите да не го бараат за глупости. Дали ова ќе влијае негативно на настапот на Маринела во “X Factor Adria”, останува да видиме.

484124-549p4396Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: