Балканленд

Српската поп пејачка Анабела го навреди Тоше Проески

Сакајќи да биде интересна, српската поп пејачка Анабела Буква која често гостува во македонските кафулиња и дискотеки, на прашање во една тв емисија дали за Нова Година ќе настапува во Крушево, таа на шега одговорила:

“Точно е ќе настапувам во Крушево, а со оглед на тоа што со Тоше сме родени со еден ден разлика, може ова ќе биде моето последно интервју”, рекла познатата пејачка која со оваа изјава воедно го навреди нашиот познат пејач Тоше Проески кој всушност потекнува од овој град и сите негови фанови почитувачи на неговото дело и музика. Се надеваме дека пејачката ќе размисли што и како ќе изјавува во следна прилика, и дека при следна посета во нашата земја претходно ќе се извини на македонската публика за оваа несовесна и невкусна шега.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: