“X Factor Adria” остана без уште еден натпреварувач

Балканска

Во вчерашниот шестти по ред live во регионалниот “X Factor” речиси сите натпреварувачи односно финалисти своите песни ги изведоа на завидно и професионално ниво. Вечерта ја отвори млада и емотивна Тамара, а веднаш по неа настапија Илма Карахмет, Харис Чато, Маид Хечимовиќ, Лукијан Ивановиќ, Алекса Перовиќ, Даниел Кајмаковски… и сите останати финалисти. Се помина во најдобар ред. Но како и во секое издание на ова големо тв шоу, така и овој пат мораше некој да го напушти натпреварувањето.

Во дуелот во кој што секогаш за жал некој отпаѓа, овој пат се најдоа 14 годишниот Харис Чато и веќе докажаниот Лукијан Ивановиќ. Однапред можеше да се претпостави дека младиот и сеуште неискусен четиринаесет годишник Чато, кој минатиот live за влакно избегна напуштање на шоуто, овој пат сигурно тоа ќе го погоди. За жал на неговите обожаватели тоа така и се случи, но овој пат Чато се воздржа од емотивните реакции, иако можеше да се забележи дека кога тогаш тоа и ќе се случи на сцената.

Во игра остануваат останатите натпреварувачи надевајќи се дека следната недела токму тие нема да се најдат на местото на Харис и сите останати кои досега испаднаа.

Подготви: Ангела Трајковска

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели