Балканленд

Скандал на снимањето на новогодишната програма на Гранд

За време на снимањето на новогодишната програма на Гранд продукција, пејачката Милица Тодоровиќ имала непосакувана средба со новинарите и истата завршила со викотници. Таа сакала новинарите да ја напуштат шминкерницата и за цело време таа непрестано викала по организаторите на снимањето на новогодишната програма.

“Зошто се тие овде? Ќе му се јавам на Саша Поповиќ ако не заминат”, викала младата Тодоровиќ. На неа особено и пречело тоа што не можела да запали цигара, бидејќи не сака да пуши во јавност, а фотографите веднаш би го уловиле тој момент. После настапот не сакала да дава изјави правдајќи се со фактот што портпаролот и бил отсутен.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: