Здравко Чолиќ промовираше видео спот за песната “Куча пуна народа” (Видео)

Балканска

На официјалниот инстаграм профил на Здравко Чолиќ неодамна беше објавен видео тизер со кадри од снимањето на новиот видео спот. Спотот кој е во едноставна, романтична форма, е снимен во Дубровник и замислен е како враќање на Здравко во градот на изгубената љубов, место на лажна емоционална илузија. Со својот глас сака да допре до луѓето и да ја раскаже приказната за прекрасната лага … Финализирање на приказната, стотици луѓе кои му се придружуваат на плажа, поминувајќи низ убавите улици во Дубровник. Режисерот Александар Керекеш главната улога во спотот ја довери на Тијана Шаренац – искусен модел со големо меѓународно искуство.

“Оваа песна напишана од Џибони, која е нашата прва соработка ме поврзува со мојот отворен дух и алтруистички пристап кон луѓето. Со мојот глас сакам да допрам до луѓето, а текстот на самата песна вели … “Животе мој, подари ми глас, песна да ве прегрнам вас”, рече Чолиќ. Текстот на песната е напишан од Златан Стипишиќ Џибони, автор на музика е Здравко Чолиќ, а аранжманот и продукцијата се на Никша Братош.

“Дводневното снимање на видеото се одвиваше во отежнати услови, бидејќи беше само неколку дена по прославата на Свети Влах, кога улиците беа полни со луѓе, па идејата за празни улици низ Дубровник беше реализирана благодарение на одличниот тим на Летните олимписки игри во Дубровник и нивната логистичка поддршка, како и благодарение на градот Дубровник”, изјави Александар Керекеш Кеки. Станува збор за песна од најновиот албум “Оно мало срече”, регионално издание на двете најголеми издавачки куќи PGP RTS и Croatia Records.

Подготви: Влад Петров

Коментари

коментари

За Нас

Се надеваме и веруваме, дека ќе бидеме дел од Вашето секојдневие, дека Музика24 ќе биде Ваш 24 часовен ритуал за добра, квалитетна, навремена и интересна музичка информација. Продолжете да уживате... Музика24 работи 24/7

Пријатели